ЈП „Улици и патишта“ деновиве ги обележуваа такси-постојките на градските улици и булевари.
Исто така се поставуваат и заштитни столпчиња на улицата „Димитрие Чуповски“, а на булеварот „Србија“ се асфалтира дел од површината на пешачката и велосипедската патека.
На повеќе улици и булевари низ градот екипите на ЈП „Улици и патишта“ се санираат бекатон плочите на тротоарите и се обновува вертикалната сигнализација.