Секој трет казнет возач возел пребрзо по скопски улици

Дел од скопските возачи и натаму не го почитуваат ограничувањето на брзината на градските сообраќајници. И вчерашната полициска контрола покажа дека тоа е убедливо најчест сообраќаен прекршок.

-На територија на град Скопје изречени се вкупно 132 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 45 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за нерегистрирани возила, соопшти денеска МВР.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за возач почетник, пет мерки за возење под дејство на алкохол, 38 за непрописно паркирање…

МВР предупредува дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението.

Претходна вестПриведен Бојко Борисов и тројца поранешни функционери за проневера на европски пари
Следна вестПроменливо облачно време со сончеви периоди