Вкупно 148 возачи вчера биле казнети од страна на полицијата на скопското подрачје поради непочитување на сообраќајни правила и прописи, соопшти МВР.
-За возење повеќе од дозволената брзина изречени се 39 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, се наведува во инфорамцијата.
Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за непочитување на првенство на минување, пет мерки за некористење сигурносен појас, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 41 за непрописно паркирање…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, апелира МВР.