Започна чистењето на дивата депонија спроти Клинички

Инспекторатот на Град Скопје заедно со инспекторите од Општина Центар започнаа координирана акција за расчистување на голема депонија на приватен имот, лоцирана на улица „Мајка Тереза“, спроти Клиничкиот центар.

Станува збор за депонија која е распространета на две парцели и е создавана со децении, а на самата локација има и повеќе диво населени лица-собирачи на отпад. Ваквите диви населби претставуваат потенцијална опасност за загадување на животната средина и здравјето на граѓаните.

На сопствениците на парцелите им е издаден налог за целосно расчистување на депониите од нивните имоти, а доколку не постапат по налогот во утврдениот рок, имотите ќе се исчистат од јавните комунални претпријатија на трошок на сопствениците.

Претходна вестЦела година во кафеана во Гостивар сексуално се злоупотребувале Русинки, Украинки и Србинки
Следна вестСкопските пожарникари во моментов гасат три пожари