На територија на град Скопје вчера се изрчени вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40 санкции, соопшти денеска МВР.
Во вчерашните акциски контроли имаше и 12 санкции за возење без возачка дозвола, три санкции за некористење на сигурносен појас.
-Изречени се три мерки за користење мобилен телефон, четири мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, 12 санкции за нерегистрирани возила, пет санкции за управување под дејство на алкохол.., наведе полицијата.
Засилените акциски контроли продолжуваат.