Од утре редовен лет Скопје-Софија

Стартува редовната авиолинија Софија-Скопје-Софија. Првиот лет ќе се реализира утре, така што во 5.30 часот на Меѓународниот аеродром „Скопје“ треба да пристигне авионот на компанијата „Гуливер“.

Авионското поврзување меѓу главните градови на Македонија и Бугарија е првиот конкретен чекор на соработката што ја најавија премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков, на средбата што се одржа на 18 јануари годинава во Скопје. Една недела подоцна, на 25 јануари, двете влади во Софија одржаа заедничка седница и потпишаа два документа за зајакнување на инфраструктурното поврзување на двете земји, за директна авиолинија Скопје – Софија и за железничкиот Коридор 8.

Симболично, првиот лет со кој се возобнови авиолинијата беше реализиран на 11 минатиот месец, а со него во Скопје од Софија пристигнаа македонска и бугарска делегација предводени од министерот за транспорт Благој Бочварски и неговиот бугарски колега Николај Сабев.

Линијата Скопје-Софија е дел од летниот распоред на летање, што стартува викендов, а со кој се обновуваат и дел од линиите што беа укинати пред ковид пандемијата.

Претходна вестВечерва на плоштадот во Скопје ќе се слави победата на фудбалерите над Италија
Следна вестЕУ да покаже повеќе сериозност кон Македонија, а нашите политичари повеќе достоинство