Во Македонија често фали упорност – истрајност во работењето. Ама затоа пак има многу упорност во други работи.
Пример за такво нешто се двата големи одрони на патот Св. Николе – Скопје:
- Карпите и свлечената земја упорно со месеци стојат среде патот.
2. Надлежните (кои се дебело платени) упорно не ги чистат.
3. Министри и директори упорно ветуваат дека се ќе биде средено.
4. Власта упорно брза да ги направи патарините на само неколку километри од одроните.
Тоа е таа упорност што упорно ја бутка Македонија по надолен пат.
ПС. Турција пред некој ден, после упорна работа, пушти во употреба мост над море долг преку 4 километри. Нашиве со својата упорност 4 карпи не можат од патот да тргнат. Тоа е таа разлика кој во што е упорен.