Скопјанец загина во сударот помеѓу „ауди“ и „опел астра“

Едно лице загина а уште едно е тешко повредено во сообраќајна незгода што се случила синоќа кај клучката „Хиподром“ во Скопје.

МВР соопшти дека на 26.03.2022 во 19.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот „Пријателство“, во близина на клучка „Хиподром“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, со винички регистарски ознаки, управувано од А.С.(41) од Виница и патничко возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(56) од с.Јурумлери, скопско.

-На местото на несреќата починал З.Д., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. А.С. се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје, се наведува во соопштението.

Увид извршила екипа од СВР Скопје и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Претходна вестПриведени осум лица во тетовско, кај нив пронајдена марихуана
Следна вестПроруски сепаратисти од Луганск најавуваат референдум за приклучување кон Русија