Ќе се сади ли помасовно дрвца низ Скопје, има многу места за тоа?

Почна пролетта, време е за садење дрвца. А на Скопје токму дрвја, зеленило му фали.

Добро е што падините на Скопска Црна Гора на месноста наречена Сарачево од вчера се побогати за 3.200 садници. Се насадија со заедничка акција на повеќе организации, а во координација на Општина Гази Баба која неодамна, исто така, насади повеќе од 800 сандици на друга локација. 

Кога сето ова ќе продолжи на многуи локации низ главниот град на Македонија?  Градските и општинските власти деновиве информираат дека се работи на правење на зелен коридор на улицата „Лазар Личеноски“, дека се уредува јавна површина која се наоѓа на крстосницата меѓу улицата „Бутелска“ и улицата „Призренска“, дека се прави во Парк во Бутел 1…

Сето ова е за поздравување, но на градот му се потребни уште повеќе садници. На градското подрачје има уште многу места и локации кои што чекаат да бидат насадени нови садници. Само на скопските тротоари, почнувајќи од улиците „Македонија“, „Железничка“… има многу празни места бидејќи претходно насадените дрвја се исушиле од разни причини.

Исушени дрвја има дури и на централниот грдаски плоштад „Македонија“, а кои се уште чекаат некој да ги искорне и да насади други. Да не збориме за тоа колку празни површини има по сите скопски населби, за тоа дека треба да се пошумуваат падините на Водно…

Претходна вестМНР: Пет руски дипломати прогласени за персона нон грата
Следна вестНови 48 заразени и двајца починати