И денеска нови 294 заразени, шестмина починати

Направени се 2.430 тестови, а регистрирани се 294 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 149, Битола – 36, Прилеп – 20, Кавадарци – 17, Велес – 11, Охрид – 10, Куманово – 8, Струга – 7, Кичево – 6, Неготино, Ресен и Делчево – по 4, Штип и Кочани – по 3, Тетово, Крива Паланка, Дебар и Берово – по 2, Струмица, Свети Николе, Виница и Демир Хисар – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (294), регистрирана е 41 реинфекција.

Во текот на изминатите 24 часа,  се регистрирани две починати лица од: по едно починато лице од Скопје (70г) и Ресен (78г). Сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица, од Скопје (1), Кичево (1), Штип (1) и Кочани (1), на возраст од 74 до 82 години. Пријавените лица се починати во период од 22.03. до 25.03.2022 година. Од пријавените лица едно е починато во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица ( 6 ), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.717, бројот на оздравени пациенти е 294.662, на починати е 9.220, а бројот на активни случаи изнесува 1.835, од кои 1.007 во Скопје.

 

Претходна вестЗа 20 години во Скопје има 3,9 отсто повеќе жители, а дури 30 отсто повеќе станови
Следна вестНи маските за средношколците не се задолжителни, а може да се оди и на екскурзии