ЕК е задоволна од методологијата и резултатите од пописот

Европската комисија не ги доведува во прашање резултатите и методологијата на пописот во земјава. На денешната прес конференција во Брисел, портпаролката на ЕК Ана Писонеро кусо одгвоори дека Европската комисија е задоволна од методологијата.

– Не ги коментираме тие наводи. Како што е кажано во Извештајот за Северна Македонија од 2021, Законот и Методологијата, врз кои се базирани подготвувањето, организацијата и спроведувањето на пописот, се широко усогласени со релевантните стандарди дефинирани со статистичкото законодавство на Европската Унија, изјави Писонеро.

Таа пред неколку дена нагласи дека Комисијата го поздрави фактот што земјата конечно по 20 години спроведе попис.

Претходна вестРакетирано руско складиште за нафта во Белгород, Русите го напуштија Чернобил
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ дипломатската служба ја доживуваат како монета за меѓупартиски дилови