Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.024 тестови, а регистрирани се 41 нов случај со ковид-19, еден починат и 457 оздравени пациенти. Од вкупниот број позитивни (41), регистрирани се 10 реинфекции, соопшти Министерството за здравство.
Од 41 новозаболен, од Скопје се 31, Кавадарци – 4, Неготино – 2, Куманово, Прилеп, Тетово и Штип – по 1.
Починатото лице е од Кичево (89г). Починало во болнички услови.
Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени две починати лица од: Скопје (66г) и Кавадарци (55г). Од пријавените починати лица, едно лице е починато во домашни услови, и едно лице во болнички услови. Пријавените лица се починати на 15.03.2022 год.
Од вкупниот број на починати лица (3), кај две лица се регистрирани коморбидитети.
Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.711, бројот на оздравени пациенти е 295.914, на починати е 9.231, а на активни случаи изнесува 1.566, од кои 845 се во Скопје.