Пролетна „генералка“ во Аеродром

Градот Скопје заедно со градските јавни претпријатија и во координација со
Oпштина Аеродром на терен ја реализираат голема пролетна работна акција на
подрачјето на општина Аеродром.

Екипите координирано до крајот на оваа недела спроведуваат активности за рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците, дезинфекција на контејнерите, собирање кабаст отпад, санирање на оштетувања на коловозите, обновување и поставување на сообраќајната сигнализација, садење нови садници и уредување на зеленилото, санации на пријавени дефекти и проблеми од граѓаните, заловување на бездомни кучиња и можности за нивно вдомување по нивен хуман третман, целосно чистење на атмосферските и фекалните линии, како и прочистување на дождовните сливници на булеварите и градските улици.

Во рамките на оваа голема акција, ЈП Комунална хигиена покрај активностите за
рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците, како и миење и
дезинфекција на контејнерите, денеска ќе започне и со отстранување на две диви
депонии лоцирани во оваа скопска општина.

ЈП Комунална хигиена постави и специјални садови за кабаст отпад на неколку
локации, каде што граѓаните ќе можат да го остават, по што тој бесплатно ќе биде
подигнат и транспортиран на соодветна локација од ова градско претпријатие.

– Населба: Јане Сандански (04.04.2022-10.04.2022)
Бул. АСНОМ бр.68;
– Населба: Ново Лисиче (04.04.2022-10.04.2022)
бул. Видoe Смилевски Бато бр.19;
– Населба: Ново Лисиче (04.04.2022-10.04.2022)
бул.АСНОМ бр.5 (кај „Рамстор“);
– Населба: Лисиче (04.04.2022-10.04.2022)
ул.Ернест Телман кај препумпната станица;
– Населба: Лисиче (08.04.2022-10.04.2022)
ул.Димитар Туриманџовски (спроти Спорт лајф);
– Населба Стар Аеродром (04.04.2022-07.04.2022)
ул.Коста Новаковиќ бр.48 (23 Октомври бр.29);
– Населба: Мичурин (08.04.2022-10.04.2022)
ул.Анастас Митрев, зад картонажата, кај трансформаторот.

Пролетната акција во општина Аеродром почна денеска, 4 април, и ќе трае се до 8
април, а потоа теренските екипи на јавните претпријатија ќе продолжат со работа
во наредната општина којашто е планирана, каде што ќе работат на точно утврдени локации по примерот на општините Кисела Вода, Карпош и Аеродром.

Претходна вестНови 41 заразени и три починати
Следна вестУапсен Скопјанец кој извршил пет тешки кражби во домови