Тринаесет лица возеле без дозвола, шестмина поминале на црвено светло…

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 185 мерки, соопшти денеска МВР.

-Меѓу нив за возење повеќе од дозволената брзина изречена е 41 санкција, пет мерки за возење под дејство на алкохол, 13 санкции за возење без возачка дозвола, четири мерки за возач почетник, се наведува во информацијата.

Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, предупредуваат од МВР.

Претходна вестОблачно и врнежливо, во среда краткотрајна стабилизација
Следна вест8 април неработен ден за припадниците на ромската заедница