„Случајно“ да проверат има ли и други лица со години на боледување

Македонија е полна со изненадувања, недоречености, нелогичности… И секој ден има по некое ново шокантно откритие дека ете се случило.

Едно од поновите е дека пациент бил три и пол години постојано на боледување. И никој од надлежните до сега не го упатил да побара инвалидска пензија или да се провери што треба друго да се направи.

Контролите на Фондот за здравствено осигурување случајно го откриле овој случај каде пропусти има во целиот систем – матичен, специјалисти, комисии за продолжување на отсуствата од работа, пренесува ТВ Сител. Од ФЗО за телевизијата потврдиле дека за осигуреникот дале препорака веднаш да оди на проверка на работната способност.

Дали ќе има и истрага кој во системот не работел како што треба и со години се одлевале пари од фондовската каса без запазување на процедурите? Има ли сега дополнителни проверки дали и други лица вака долго се на боледување? Зарем само случајно ги откриваат пропустите?

За злоупотреби на боледувањето често се зборува во јавноста, но ретко гледаме дека институциите реагираат како што треба.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Апостол Симовски призна грешка, колку уште грешки има пописот за да биде комплетен?
Следна вестЗошто СДСМ и ДУИ бегаат од темата – иселувањето на населението?