Вработените во судовите, министерствата, државните управи, агенции- во четврток и петок од 10 до 12 часот нема да работат. Тие ќе протестираат на работните места во знак на револт, што Владата не ги ни сослушала нивните барања.
Тврдат дека 95 проценти од институциите исплатиле плата под минималецот од 18 000 денари, а другите 5 проценти или не исплатиле или исплатиле плата со грешки. Бараат исплата на минимална плата за сите и усогласување со минималецот за останатите вработени – односно повисоки плати за 2 806 денари.
Од синдикатото на УПОЗ велат дека повторно само вработените во управата и правосудтвото се единствените кои земаат плата под минималната, а тоа го зголемува незадоволство кај нив.
Протестот ќе трае се додека надлежните не ги повикаат на преговори и не се договорат за исплата на минималецот и усогласување и на останатите плати со него. Доколку барањата не се остварат, протестот ќа продолжи и наредните денови. Не ја исклучуваат можност и за генерален штрајк и протести на улица, доколку надлежните останат глуви на нивните барања.