Џудо тренерот од Прилеп доби 20 години затвор за полови дејства врз четири девојчиња

47-годишниот џудо тренер Рубин Пеески од Прилеп доби 20 години казна затвор за обљуба на четири девојчиња на кои им бил тренер.

Според портпаролот на прилепскиот Основен суд, Жарко Велески, на Пеески му е изречена и забрана за вршење професија, дејност, од 10 години.

Според обвинението, Пеески во текот на 2020 година во Прилеп и на други места, со злоупотреба на својата положба, извршил полови дејства врз деца кои наполниле 14 години. Станува збор за 4 девојчиња, ученички на кои им бил тренер.

За случајот јавноста дозна во почетокот на минатата година кога еден од родителите го пријавил тренерот во полицијата.

Претходна вестЖителка на Шпанија што ја барал Интерпол на сила држена и силувана во хотел во Струга
Следна вестУтре потопло, в четврток дожд и ветер, в сабота до 27 степени