Утре потопло, в четврток дожд и ветер, в сабота до 27 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и потопло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта во северозападните делови ќе има локален дожд.

Како што соопшти УХМР, утре ќе има преодно стабилизирање на времето со пораст на дневната температура. Минимална температура ќе се движи од -1 до пет степени, а максималната температура од 14 до 20 степени.

В четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Потоа во следните два дена времето ќе биде претежно сончево и значително потопло.

Најтопло ќе биде в сабота, со максимална температура од 18 до 27 степени.

Претходна вестЏудо тренерот од Прилеп доби 20 години затвор за полови дејства врз четири девојчиња
Следна вестИЈЗ: Генерално паѓа бројот на заразени, минатата недела пораст има кај децата до 9 и кај оние од 10 до 19 години