Утре пороен дожд, грмежи и ветер, па пак топло

Утре времето на повеќе места ќе биде нестабилно со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Потоа во следните два дена времето ќе биде претежно сончево и значително потопло.

Како што најавуваат од УХМР, во недела ќе има нови врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува засилен северен ветер и ќе има намалување на температурите.

Претходна вестВозачот што прегази девојка кај „Сити мол“: Се чувствувам виновен, многу се каам
Следна вестТурски возач на камион со фалсификат зелен картон фатен на Деве Баир