Турски возач на камион со фалсификат зелен картон фатен на Деве Баир

На Граничниот премин „Деве Баир“ синоќа е приведен државјанин на Република Турција, кај кого при пасошка контрола било утврдено дека поседувал фалсификуванa зеленa картa, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Синоќа во 21:00 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, при извршена пасошка контрола на Д.С.(40) од Република Турција, кој управувал товарно моторно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, било утврдено дека поседувал фалсификуванa зеленa картa, посочуваат од МВР.

Лицето било лишено од слобода и предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Претходна вестУтре пороен дожд, грмежи и ветер, па пак топло
Следна вестОд оваа година електронски уписи во средните училишта