Три починати лица и 195 нови заразени

Од направени 2.249 тестови, регистрирани се 195 нови случаи на ковид-19: Скопје – 107, Битола – 16, Охрид – 11, Прилеп и Кавадарци – по 9, Велес, Струмица и Делчево – по 4, Гостивар, Кичево, Кочани и Крушево – по 3, Куманово, Штип, Свети Николе, Крива Паланка, Дебар, Валандово и Демир Капија – по 2, Тетово, Струга, Радовиш, Берово и Пробиштип – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (195), регистрирани се 29 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани две починати лица од Скопје (71г и 85г), двете лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Охрид (83г), починато во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица (3) , кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.142, бројот на оздравени пациенти е 296.373, на починати е 9.234, а бројот на активни случаи изнесува 1.535, од кои 824 во Скопје.
Претходна вестКомисијата препорача да не се носат веќе маски во затворено освен на неколку места
Следна вестПожар во фирма за училишен и канцелариски материјал во Волково