МВР за случајот со ракометарот Тот: Бил во безсознание, нема траги на насилство

На ракометарот Денис Тот немало видливи траги на насилството кога ноќеска бил пренесен во Клиничкиот центар. Ова произлегува од соопштението кое денеска го објави МВР. 

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека вчера (07.04.2022) во 04:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот и за тоа соодветно ќе ја известиме јавноста, се наведува во соопштението од МВР.

Според информациите од Клиничкиот центар, Тот бил донесен во состојба на бессознание и без срцена акција. Лекарите не знаеле колку долго време бил без срцева акција но сепак успеале да го повратат во живот. Меѓутоа, состојбата му е се уште критична.

Инаку, претходно повеќе медиуми информираа дека хрватскиот интернационалец кој настапува за клубот „Бутел“ се бори за живот откако ноќеска бил претепан.

Претходна вестЗарем спомениците по Скопје ќе станат споменици за негрижата кон нив?
Следна вестВтор ден протест на јавната администрација, никој не ги вика на разговор