Премиерот Димитар Ковачевски ја прифати оставката на досегашниот генерален секретар на Владата Мухамед Зекири и најави постапка за избор на негов наследник.
Ковачевски исто така вели дека очекува целосно транспарентна и независна постапка од Обвинителството.
Мухамед Зекири денеска на својот фејсбук профил објави дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата.
Оставката следува откако Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба „за спроведување истражна постапка против двајца хрватски државјани и висок функционер во Владата на РСМ во својство на службено лице, осомничен дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување“.