Времето во Македонија денска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено во северните делови. Во западните делови ќе дува повремено силен ветер (над 60 км/час) од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи. Во петок на повеќе места ќе дува повремено силен ветер (над 60 км/час) од јужен правец. Од четврток дневните температури ќе бидат во пораст, позначителен за време на викендот кога насекаде ќе бидат над 20 степени.