151 санкционирани возачи во Скопје, 35 за брзо возење

На територија на град Скопје изречени се вкупно 151 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

Полицијата казнила и 16 лица за возење без возачка дозвола, а имало и шест санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз.

-Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за нерегистрирани возила…, се наведува во денешната информација.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестОблачно со повремени врнежи од дожд
Следна вестСОНК ќе решава за владиниот предлог за зголемување на платите, штрајкот продолжува