Независниот синдикат на професионални војници со шатори и вреќи започнува штрајк пред Владата

Независниот синдикат на професионални војници на Македонија најави дека од 11 часот ќе постави шатори и вреќи за спиење пред Владата.

„Независниот синдикат на професионални војници на Македонија од основањето континуирано и интензивно работи за подобрување на стандардот на вработените во Армијата на Република Северна Македонија, на подобрување на односите Синдикат – работодавач – Министерство за одбрана на Република Северна Македонија, подобрување на условите за работа, инсистира на зголемување на буџетот, на подобрување на опремата за вработените, на корекции во Законот за служба во АРСМ за подобрување на условите за живот и работа на вработените“, е потенцирано во нивното соопштение.

Појаснуваат дека согласно член 40а од Законот за служба во Армијата, професионалните војници со наполнување на 45 години старост се префрлуваат во други сродни институции. Но веќе 2 години од страна на Владата, како што велат, за дел од професионалните војници не се превземени никакви активности за префрлување во друга институција.

„Затоа синдикатот превзема активности со своите членови и на ден 22.05.2022 година пред Владата на РСМ ќе постави шатор и вреќи за спиење долж тротоарот пред Владата и таму ќе остане се додека не се исполни нашето барање“, е потенцирано во најавата од независниот синдикат на професионални војници.

Претходна вестСончево и топло со мала до умерена облачност и температури до 33 степени
Следна вестЗападот во страв- Светот има залихи на пченица за само десет недели?