Шверцувањето на мигранти низ Македонија е појава со која полицијата постојано се сретнува. Последен таков „сидир“ имало на автопатот Скопје-Гевгелија, на наплатната рампа Смоквица, кога полицијата го уапсила 49-годишниот М.Ш. од Скопје.
-При преглед во возилото „Фолксваген Пасат” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти две од Индија и три од Куба, информираат од полицијата.
За настанот бил известен јавен обвинител. М.Ш. бил приведен во ОВР Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.