Ламбе Алабаковски во осумдневен притвор

Осумдневен притвор на Ламбе Алабаковски му изрече судијата на претходна постапка откако тоа го побара Основното јавно обвинителство – Битола.

Во соопштението на ОЈО – Битола се наведува дека е поведена постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.

-Постои основано сомнение дека пријавениот 34-годишник на 4 јуни, во раните утрински часови, со пожар предизвикал значителна опасност по имотот од големи размери. Тој истурил бензин врз влезната врата од Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, ставил фитил на прагот и го запалил, се наведува во информацијата.

Се додава и тоа дека од причина што постои опасност осомничениот да се даде во бегство, особено со оглед на фактот што тој има двојно државјанство на Р.С. Македонија и на САД каде живеел до неодамна, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Медиумите вчера информираа дека станува збор за познатиот пејач Ламбе Алабакоски, а чиешто проведување презивика бројни реакции во јавноста. За денеска е најавен и протест во Битола за да му се искаже поддршка на Алабаковски.

 

 

 

 

 

Претходна вест189 санкционирани возачи во Скопје, 20 возеле без возачка дозвола
Следна вестМожат ли „легнатите полицајци“ низ Скопје да станат?