Синдикалната кошничка во мај поскапа за 2.980 денари од јануарската

Енормниот пораст на цените во послендиве месеци предизвика и значитлено поскапување на минималната синдикална кошничка, предупреди денеска Сојузот на синдикатите на Македонија. Синдикатот укажа дека сега се потребно значително повеќе пари посебно за храната. Најголемо зголемување има кај исхраната и пијалоците за 3,3% во однос на предхониот месец март 2022 година, додека пак споредено со предходната 2021 година истиот месец зголемено е за 17,0 проценти.

– За само една година или од претходната 2021 година истиот месец мај кога синдикалната минимална кошница изнесувала 34.156,00 денари истата е зголемена за 4.635,00 денари односно 12,78 проценти. Синдикалната минимална кошница за месец мај изнесува  38 791,00 ден. и од  јануари 2022 година ( 35 811.00 ден) е зголемена за 2 980.00 денари односно 8,32  отсто, пресмета ССМ.

ССМ  потенцира дека со право бара зголемување на платите на сите вработени како во јавниот така и во приватниот сектор и покрај евидентите  противања на одредени субјекти кои се против зголемување на платите на работниците.

-ССМ со право бара зголемување на платите на сите вработени, како во јавниот, така и во приватниот сектор и покрај евидентните  противања на одредени субјекти кои се против зголемување на платите на работниците. ССМ бара оваа пресметка на синдикалната минимална кошница, како и зголемувањето на трошоците за живот да бидат причина  веднаш да се  пристапи кон склучување на Општиот колективен договор за јавен сектор  со зголемување на платите на работниците согласно порастот на минималната плата и истите да се зголемат платите за најмалку 2806,00 денари во нето на секој работник во јавен сектор, соопштија од ССМ.

Претходна вестМоже ли Влада полна со кецови да оценува други субјекти?
Следна вестСтевчо Јакимовски: Ја прекинувам коалициската соработка со ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, причина е Мицкоски