Во последните 24 часа направени се 1.194 тестови, а регистрирани се 73 нови случаи на Ковид-19, информира денеска Министерството за здравство. Од нив во Скопје се 45, Битола – 9, Охрид и Кочани – по 4, Кавадарци – 3, Тетово – 2, Куманово, Велес, Гостивар, Свети Николе , Крива Паланка и Дебар – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (73), регистрирани се 7 реинфекции. Регистрирани се 66 оздравени пациенти од: Скопје – 47, Битола – 8, Берово – 4, Велес – 3, Охрид – 2, Прилеп и Виница – по 1.
-Во текот на изминатите 24 часа е пријавено едно починато лице од Скопје (92г) починато во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирано е едно починато лице од Кавадарци (79г) починато во домашни услови. Пријавеното лице е починато на 15.05.2022, се наведува во информацијата.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.418, бројот на оздравени пациенти е 302.668, на починати е 9.313, а бројот на активни случаи изнесува 437.