Априлска статистика: Најмногу нови станови ќе се градат во Гази Баба

Скопската општина Гази Баба е подрачје во кое ќе се градат најмногу нови станови на скопското подрачје, покажуваат статистички податоци на Државниот завод за статистика за месец април. Податоците за издадените одобренија за градба покажуваат дека само во април се издадени дозволи за изградба на 180 нови станови во оваа општина. Инаку, за подрачјето на целиот град Скопје се издадни дозволи за подигање на нови 248 станови, меѓу кои и 31 во општина Центар, 13 во општина Илинден… Во овој месец на подрачјето на Македонија е дозволена градба на вкупно 752 нови станови.

Во април годинава се издадени 337 одобренија за градење, што е за 44,6 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Најмногу градежни дозволи, 83, се одобрени за Скопскиот регион, по што следат Вардарскиот со 56, во Југоисточниот 45, додека во Полошкиот се издадени  44 градежни дозволи. Најмногу градежни дозволи, 83, има во Скопскиот регион, по што следат Вардарскиот со 56, во Југоисточниот 45, додека во Полошкиот се издадени  44 градежни дозволи.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5. 474 500 денари, што е за 58,7 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 199 се наменети за објекти од високоградба, 37  од нискоградба и 101 за објекти за реконструкција. Од вкупно 337 објекти, на 199  како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 138  инвеститори се деловни субјекти.

Претходна вестПронајдена дрога во угостителски објекти во Скопје, приведени седум лица
Следна вестКовачевски: Решението со Бугарија мора да содржи гаранции дека ќе нема други барања