Изборот за песна на Евровизија 2023 година нема да може да се одржи во Украина, соопшти денеска денеска Европската радиодифузна унија (ЕБУ). Причина е тековната војна во таа европска земја. Истовремено, ЕБУ наведува дека се во преговори со Би-Би-Си за тој фестивал да се одржи во Велика Британија.
-Украинскиот јавен радиодифузер не може да ги обезбеди безбедносните и оперативните гаранции потребни за домаќин и организирање и производство на Изборот за песна на Евровизија во согласност со правилата на Изборот за песна на Евровизија, соопшти ЕБУ.
„Калуш оркестра“ ѝ донесе победа на Украина на годинашната Евровизија со песната „Стефанија“, со што земјата се здоби со право да биде домаќин во 2023.
Организацијата му е понудена на Би-Би-Си, откако Британецот Сем Рајдер заврши на второто место.
Британија последен пат беше домаќин на Евровизија во 1998 година.