Дизелот од полноќ поскапува за два денари

Цената на дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за два денари, а на бензините останува иста, реши денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Со донесената Одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,37 отсто во однос на одлуката од 13 јуни.

-Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) се зголемува за 2,00 ден/литар, соопшти Комисијата.

Со ова, од ноќеска на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 111,50 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 113,50 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) 109,50 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 105,00 (денари/литар) и Мазут М-1 НС 56,317 (денари/килограм).

Од Регулаторна информираат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 2,407 отсто, додека зголемување има кај дизелот за 1,078, кај екстра лесното масло за 0,346 отсто и кај мазутот има намалување е за 0,102 проценти.

Претходна вестНови 72 случаи на корона вирус од 772 тестирани лица
Следна вестКовачевски фрла сидро или весла за Македонија да не се удави во економската криза?