Сончево и ветровито време

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.

Попладне во североисточните и источните претежно планински подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 32 Целзиусови степена.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Од недела следува период на стабилно време со пораст на дневните температури.

Претходна вестСе реконструираат пешачките патеки меѓу малите езерца во Градскиот парк
Следна вестОпозицијата вечерва на протест, Владата утре на координација