Францускиот предлог е уцена и целосно фијаско на Ковачевски поради што треба да си даде оставка веднаш, велат утрово од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Од партијата коментираат дека како што паднала бугарската влада, така треба да падне и владата на Ковачевски во Македонија.
-Францускиот предлог од тоа што беше пренесено во медиумите е целосно фијаско и остварување на сите бугарски барања без било какви гаранции за Македонија. Наместо да молчи Ковачевски треба веднаш да излезе и да го отфрли предлогот кој беше презентиран од медиумите. Зошто молк и дали молкот значи согласност на СДСМ и Ковачевски со капитулацијата која и се спрема на Македонија. Дали СДСМ ќе прифати тивка бугаризација или целосно отфрлање на Македонија од процесот на евроинтеграции? СДСМ прави идентитетски удар врз постоењето на народот, државата и идентитетот. Францускиот предлог е уцена и целосно фијаско на Ковачевски поради што треба да си даде оставка веднаш, велат од ВМРО-ДПМНЕ.