Во моментов пред Владата се одржува голем протест, на опозицијата.
Пред почетокот на протестот се одржа Отворено студио пред Владата, каде стана збор за надворешната, внатрешната политика, образованието и економијата.
„Она што се случува е заокружување на една авантура во која оваа власт влезе пред пет години со промената на името на државата и го отвори процесот на нејзиното обезличување така што ова е едно крешчендо што се случува во односите со Бугарија. Односно заокружување на еден процес кој почна со преспанскиот договор а треба да се заврши со договорот за добрососедство со Бугарија“ истакна поранешниот амбасадор и професор Звонимир Јанкуловски во Отвореното студио пред влада на Протестот за промени – Премногу е!.
Јанкуловски оцени дека власта не довела до ситуација на маѓепсан круг во надворешните односи и безалтернативност.
„Во надворешната политика доминантен е интересот а не љубовта или довербата едни кон други така што оваа Влада токму тоа го запостави. Наместо да се концентрираме на реформите и внатре во државата целиот напор што владата го прави е надворешно политичко рекомпонирање или репозиционирање на Македонија, притоа губејќи го она суштинското она битното а тоа е идентитетот на државата, изјави тој.
поред универзитетската професорка и пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, Собранието личи на сопственост на претседателот на Собранието, а тој не личи на Претседател на Собранието туку на Каудиљо.
„Човек кој доаѓа 2 саати по предвиденото време, кој си дава збор кога сака и зборува колку сака тогаш тој е човек кој не верува во демократијата. Собранието е затворено. Единствената комисија која е Уставна е комисијата за заштита на слободите и правата. Таа не може да се состане бидејќи требало согласнот од Претседателот“, рече Силјановска Давкова во Отвореното студио пред влада на големиот протест за промени – Премногу е!
„Потребни се промени и предвремени парламентарни избори, граѓаните сами да одлучат за својата иднина“
Игор Николов, претседател на комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ вели дека се праќа јасна порака дека на народот му е доста и бараат компетентно и професионално решавање и на здравствената и на останатите кризи и дека едно е сигурно, вака не смее да продолжи.
Линковско вклучување во Отвореното студио имаше и пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков вели време е владата да се освести и веднаш да се оди на предвремени парламентарни избори, како и дека молкот не опција, масовниот протест покажал дека граѓаните сакаат сами да одлучат за својата судбина и иднина.
Граѓаните од внатрешноста со автобуси на протестот на ВМРО-ДПМНЕ: „Кога ги каневме одзивот беше огромен, се бараше превоз плус“