Патарини низ Македонија, Србија и Албанија ќе се плаќаат со еден уред

Со еден ТАГ уред до крајот на летната сезона треба да започне единствен систем за електронско плаќање на патарините во Македонија, Србија и Албанија. Ова е резултат на договорот кој бил постигнат на последниот самит „Отворен Балкан“ во Охрид, а што треба да го олесни движењето на возилата.

Од „Патишта Србија“ за „Еруроњуз“ објаснија дека станува збор за ЕНП системи кои ќе бидат базирани на иста технолошка платформа – ДСРЦ.

-Корисниците на уредот за електронска наплата на патарини ќе може да го користат постојниот ЕНП уред со преконфикурација на истиот и регистрација на своите платежни картични на некои од продажните места. Уредот ЕНП ќе биде поврзан со платежната картичка на корисникот и самиот корисник ќе може да избере дали ќе плаќа патарини во национална или странска валута“, објаснуваат од „Патишта Србија“.

Систем за електронска наплата на патарините, за кои од „Патишта Србија“ зборуваат дека од сите три држави ќе се базираат на иста технолошка платформа, беше воспоставен и во земјава. Според пишувањето на „Еуроњуз“, планирано е граѓаните на Србија кои ќе плаќаат електронски со овие, во Македонија и Албанија да имаат попуст од 5 отсто, и истото да важи реципрочно – граѓаните на Северна Македонија да имаат попуст во Србија и Албанија.

-Се прават подготовки а во кои влегуваат вчитување нови кодови на антените за отчитување на ТАГ уредите и друго. После тоа ќе следи и тестирање на системот, а почетокот на примена се очекува во текот на летната сезона, велат од „Патишта Србија“.

Очекувањата се дека со единствениот систем за наплата ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе се намали метежот на автопатиштата. Новиот начин на плаќање би требало да го растерети и протокот на возила на наплатните рамки, а предност за граѓаните ќе биде што нема да мора во шпицот на сезоната да чекаат во колони и побргу ќе пристигнуваат до посакуваната дестинација.

Претходна вестЗатворени двете мензи во фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола, се затруле 41 вработен
Следна вестКовачевски на средба со коалициските партнери во Владата