Дебаклот на ВМРО-ДПМНЕ, односно неуспешноста на вчерашниот митинг на Христијан Мицкоски упати јасна порака дека граѓаните не се за деструкции и блокади и не сакаат предвремени избори, соопшти денеска СДСМ
Владечаката партија во соопштение поставува прашање колку чинеше дебаклот на ВМРО-ДПМНЕ?
-Математиката е едноставна. На митингот имаше присутни околу 15.000 членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, но партијата сигурно планирала повеќе и ангажирала превоз и останати потреби за околу 20.000 членови. Превоз за 20.000 членови чини околу 200.000 евра. Ако на тоа се додадат и останати трошици за нив, вода, сок, сендвич, бина, озвучување, струја и се друго потребно, сумата е значително поголема. Дали пропаднатиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ ја надмина сумата од 300.000 евра?, прашуваат од СДСМ.