Со СДСМ животот е најтежок, народот нема пари ниту за леб. За една година лебот, брашното, зејтинот и другите прехранбени продукти имаат раст на цените и за 100 отсто, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.
Најголема опозициска патрија во соопштението наведува дека тоа што лани можело да се купи со 500 денари, сега не може да се купи ниту со 1.000 денари.
-Правда нема. Нема правда за загинатите во Тетовската болница, за загинатите во случајот со Беса Транс. Нема правда за Тот, за младото момче од струмичко кое беше убиено пред неколку дена. Системот не функционира. Со СДСМ и ДУИ земјоделците се потешко преживуваат. Не можат да го продадат својот род, а нема со што ниту да ги прехранат семејствата. Луѓе во ек на пандемија се соочува со колабирано здравство, се потенцира во обраќањето до јавноста.
ВМРО-ДПМНЕ нагласува дека во Македонија никогаш не се живеело полошо. СДСМ и ДУИ мора да си заминат а избори да се одржат час поскоро.