Шолц: ЕУ мора да се модернизира, не може веќе едногласно да носиме одлуки

Европската унија треба да им го олесни пристапот на новите земји, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц во интервју за ДПА. Тој додаде дека нема да биде можно сè што денеска се решава едногласно да продолжи да се одлучува слично во иднина.

-За ова да се случи, ЕУ треба да ги модернизира структурите за носење одлуки и процесите. Нема да биде можно за сè што се одлучува денеска едногласно да се одлучува на сличен начин во иднина, кажа Шолц во интервјуто.

Тој рече дека се надева дека ќе ги претстави своите предлози на самитот на ЕУ во четврток и петок, на кој ќе се разговара за кандидатурите на Грузија, Молдавија и Украина.

Лидерите на 27-те земји членки следната недела треба да одлучуваат за доделување кандидатски статус на Грузија, Украина и Молдавија, како и за почеток на пристапни преговори за Македонија и Албанија.

Сепак, за да се реформира процесот како што предлага Шолц потребно е да се согласат сите земји членки.

Претходна вестКазни за 80 возачи, секој втор возел пребрзо
Следна вестГусари има, но фали еден кустос на разрушената галија