Приведени се две лица поради шверзот на миграните, соопшти денеска МВР. Полицјата во 01.30 часот на автопатот кај клучка „Миравци“ги лиши од слобода М.Ј.(43) од Скопје и А.А.(26) од с.Арачиново, скопско.
-Околу 00.10 часот при контрола во товарно моторно возило „ивеко“ со приколка, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј., во кое и сопатник бил А.А., пронајдени се 87 лица мигранти. Од нив 45 од Сирија, 39 од Пакистан, двајца од Конго и едно од Индија. М.Ј. и А.А. се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, а по завршување на постапката лицата мигранти ќе бидат спроведени во прифатно-транзитен центар, се наведува во информацијата.