На средбите на Комисијата за историски прашања воопшто не расправаме за идентитетските прашања, изјави денеска Драги Ѓоргиев, шеф на македонскиот тим историчари во Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија.
Во интервјуто за радиото Канал 77 тој рече дека и во дадените препораки не се зборува за идентитетот на тие личности.
-Јас сакам да потенцирам дека на тие средби воопшто комисијата не се занимава со идентитески прашања. Во ниедна наша препорака ние не зборуваме за идентитетот на Цар Самоил или за идентитетот на било која личност за која досега имаме резултат како што се браќата Кирил и Методиј, Св.Климент, Св,Наум. Воопшто идентитетот не е прашање, не е тема на работа на комисијата. Да престане да се манипулира со тоа дека Комисијата ќе решава кој каков идентитет ќе имал пред 1.000 години, рече Георгиев.