Вода за пиење којашто ја користат граѓаните на Скопје е добра и исправна за употреба, сооопшти денеска ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Ова го покажа неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 04.07.2022 до 08.07.2022 зема 199 примероци за физичко-хемиска и 199 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во град Скопје.
-Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РСМ, бр.183/18), се наведува во соопштението.