Невремето ја отежнува потрагата по третиот исчезнат Македонец на Халкидики, ќе се користи и подводен дрон

Невремето и силните ветришта со јачина и до 7 бофори од денеска изутрина значително ја отежнуваат акцијата за исчезнатиот македонски државјанин во морето кај летувалиштето  Посиди на Халкидики во Грција. Спасувачката акција започна во саботата во поладневните часови откако тројцата Македонци влегле во морето на плажата Мити и поради лошото време се одалечиле од брегот. Досега се спасени двајца македонски државјани.

Грчките медиуми информриаат дека спасувачите планираат да постават и подводен дрон што значително ќе помогне во потрагата. Потрагата во вода од воздух и копно не донесе резултати за исчезнатиот 28 годишен маж.

-Потрагата ќе продолжи , а за било какви новости ќе информираме со ново соопштение, извести денеска Грчката крајбежна служба

Од МНР пак утрово исто така информираа дека потрагата по третото исчезнато момче продолжува и дека здравствената состојба на Васил и Иван кои вчера и завчера беа извлечени од море е добра.

-Потрагата со спасувачка акција продолжува во полн капацитет- хеликоптер и бродови- како претходните два дена по исчезнатиот наш државјанин во местото Посиди, Грција. Здравствената состојба на двајцата државјани кои вчера и завчера беа извлечени од море е добра, истите се наоѓаат во болница и се очекува нивно брзо пуштање од болница, се вели во соопштението на МНР

Инаку вчера 30-годишниот Иван бил лоциран од хеликоптер на военото воздухопловство во морската област околу 15 наутички милји западно од Посеиди. Тој остана жив по дваесетчасовната борба во морето при што една топка која се нашла пред него била неговиот спас. Иван за грчкиот медиум „Њузит“, вели дека тој е многу загрижен за судбината на својот трет пријател и ги опишува часовите поминати во вода.

-Мачењето од брановите сè уште се гледа на моето тело, макотрпен беше напорот што го вложив со мускулите за да се задржам. Бескрајното количество солена вода што го испив во морето и дехидрацијата што ја претрпев многу ми отежнуваат. Првиот повик за помош беше во 16:13 кога влегов во вода и се обидував да му помогнам на мојот пријател да се смири. Ме најдоа следниот ден веднаш по 12.00 часот. Толку часови вознемиреност за мене и за моите пријатели. Топката што ја најдов беше полунадуена и едвај се држев за неа со рака за да останам на површината, рече Иван.

Васил пак во својата изјава упати апел до грчките власти опсаните места да бидат обележани, бедејки не секој знае дека го демне опсаност кога ќе влезе во водите на егејското море.

Грчките медиуми објавија повеќе детали за топката која му го спаси животот на Иван кој помина 19 часа во вода, држејќи се за неа. Поратлот Ворна.гр откри дека топката што го спаси Иван на Халкидики била изгубена од плажата Евгати во Лемнос, на 30 јуни. Според нивните сознанија, на оваа плажа со родителите отишле две мали деца, 6-годишниот Танос и 11-годишниот Трифон од Солун. Таму двете деца си играле со топката се додека во одреден момент таа не им паднала и ја одвлекле морските струи. Нивната мајка ја видела фотографијата со топката за која се држел Иван и препознала дека е иста како онаа што нејзините деца ја изгубиле во Лемнос.

Претходна вестТакси превозот во Скопје нема да поскапи
Следна вестВоз удри во автомобил кај Романовце, двајца повредени