Две лица се повредени откако воз удри во автомобил денеска попладне кај кумановското село Романовце, информира МВР.
Сообраќајката во кумановската полиција била пријавена во 12:48 часот и во неа учествувале воз и патничко моторно возило, појаснуваат од СВР Куманово и додаваат дека увидот се уште трае.
Директорката на кумановската болница Снежана Захариева информираше дека двајца пациенти биле примени во болницата и по пружената помош се префрлени на скопските клиники.
– Двајцата пациенти се во стабилна состојба, рече Захариева.