Пратениците во македонскиот парламент ја започнаа седницата посветена на усвојувањето на заклучоците со кои ќе се задолжи Владата околу францускиот предлог но веднаш потоа отидоа на пауза. Едночасовна пауза побара Дафина Стојановска, која ја во име на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ рече дека со тоа сака да им даде шанса на поддржувачите на францускиот предлог да се премислат.
ја побара паузата, го искина, како што рече, лажниот и понижувачки документ.
– Ниту еден документ кој што вие би го потпишале, изгласале, протнале нема да има легитимитет и важност се додека не го добие најбитниот потпис и печат, а тоа е дозволата на македонскиот народ. Ја стука пред Вас ќе го искинам и се надевам и поскаувам дека овој звук на кинење на ова парче хартија, додека сте живи ќе ви ги пара ушите што ги имате и душите што ги немате. Поради тоа ќе побарам една пауза која што можеби ќе ве предомисли и ќе долучите, овој ништовен, понижувачки, подмолен документ да го вратите таму каде што му е местото, рече Стојановска.
На седницата, пратениците нема да гласаат „за“ или „против“ францускиот предлог, туку за заклучоци со кои на Владата и се дава насока и се задолжува за што може, а за што не може да преговара во процесот на интеграција во ЕУ.