Од ноќеска на полноќ бензините поевтини за 3 денари

Одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13 отсто денеска донесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Со тоа малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 3,00 денари/литар. Цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В), на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од вечер на полноќ моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 102,5 денари/литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 104,5 денари/литар, цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) останува 100 денари/литар, на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 98 денари/литар, а на мазутот М-1 НС 50,903 денари/килограм.

Претходна вестКонтрола на АХВ: Месото од закланите коњи ќе се уништи, следуваат казни
Следна вестРазрешениот директор Стаменов: Не сум убиец на животни, ваква било правено и порано со други животни