Комисија за заразни заболувања: Има зголемување на нови случаеви од 79,9 отсто, нема препорака за нови мерки,

Без препорака за воведување на нови мерки против ширењето на Ковид – 19 и со апел граѓаните да внимаваат, завршила денешната седница на Комисијата за заразни болести. Таа ја разгледа актуелната епидемиолошка состојба во земјата и констатира дека има зголемување на бројот на нови случаи со ковид.

-Согласно методологијата за одредување на ризикот од Ковид-19 се зема предвид и процентот на хоспитализирани случаи, процентот на слободни болнички кревети, како и бројот на тешко болни и смртни случаи од Ковид-19, утврдено е дека РСМ се наоѓа во зелена зона со доволни капацитети за згрижување на пациентите со Ковид-19. Зголемувањето на бројот на нови случаи изнесува 79.9 отсто, се наведува во соопштението

На состанокот беше разгледано и прашањето за достапноста на тестовите за Ковид-19, при што Комисијата препорача двојно зголемување на капацитетите за тестирање на институциите кои се надлежни за тоа, како и следење на состојбата за евентуално овозможување дополнителни капацитети таму каде што е потребно.

Комисијата во моментот не препорачува дополнителни рестриктивни мерки и апелира до граѓаните да внимаваат на сопственото здравје, да избегнуваат посети во затворени и невентилирани простории, освен кога тоа е неодложно и во тие случаи се препорачува носење заштитна маска и одржување дистанца.

Претходна вест504 нови случаи на Ковид19, пријавени две починати лица
Следна вестПронајдена мртва 28-годишна скопјанка на улица