Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурите ќе се движат од 28 на повисоките места до 38 на југозападот од земјата. Ултравиолетовото зрачење ќе има индекс 8.
Во Скопје утрово температурата се спушти до 18 степени, а во текот на денот максималната ќе достигне 35 степени.
Во недела во попладневните часови ќе има локален пороен дожд, појава на грмежи и ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика благо опаѓање на температурата, особено во северните делови.
Значителен пораст на температурата се очекува од среда.