Мицкоски: Ќе собираме 150 илјади потписи за референдум за да ја собориме бугаризацијата

Ќе собираме 150 илјади потписи за референдум за да ја собориме бугаризацијата и асимилацијата, повикувам на обединување, најави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски,

Тој рече дека партијата ќе ја продолжи борбата и дема да застане.

-Периодов кој што е пред нас, практично овие недела две планирам да излезам со предлог пред ИК на партијата да ја разгледаме можноста за референдумско изјаснување со собирање на 150.000 потписи, најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски при гостување во централниот дневник на Сител телевизија.

Мицкоски додаде дека граѓаните треба да излезат на референдум и да се изјаснат дали ја поддржуваат или не капитулацијата на Владата.

-И ценам дека граѓаните треба да си го дадат своето мислење односно треба да излезат на референдум и да кажат дали се ЗА или НЕ СЕ ЗА овие измени кои што Владата ги потпиша после овој дипломатски нокаут и капитулација. Но, да излеземе најпрвин како партија со став, па тогаш ќе има повеќе детали јавноста, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека тоа е следната иницијатива која што планира да ја предложи на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Да отпочнеме иницијатива за собирање на 150.000 потписи и да направиме референдумско изјаснување на граѓаните, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој ги повика граѓаните дека треба да се обединат против лошите политики на власта. Тоа што го потпишал Османи денеска не значи дека е се завршено.

Претходна вестМНР го објави билатералниот Протокол со Бугарија
Следна вестСончево и топло, со температура до 36 степени